Makedonium

Информация о пользователе

Привет, Гость! Войдите или зарегистрируйтесь.


Вы здесь » Makedonium » Тестовый форум » Proza


Proza

Сообщений 1 страница 5 из 5

1

temata ja otvaram za site koi pi[uvaat proza

0

2

Навидум беше мирно,навидум,и ова утро беше како вчерашното,исто ако вчера изгреа сонцето,се распосла насекаде и го пробуди целиот жив свет на земјата,беше исто  но за сите не беше исто,неизвесноста едноставно започна да го наелектризира воздухот и со тоа ја зголемуваше напнатоста,птиците сега молчеа,се наредија во голем број на жиците од бандера до бандера,а за тое што немаше место започнаа да се редат на дрвјата,сите погледите ги свртија према една куќа,гледаа и само исчекуваа.
Дамјан,млад и пргав на свои 23 години,веќе трета година бесцелно луташе по улиците бараќи колку толку пристојна работа,беше првенец во знаење,од прво до средно школо,но кога беше втора години животот сурово си поигра со него,неговиот татко кој беше единствен дома вработен под мистериозни и неразјаснети околности замина од овој свет,смрта го зеде но никогаш не се откри какви беа неговите последни 2 часа од неговиот живот,мистеријата на наговата смрт со секој ден беше се поголема и поголема,сета тежина на семејството падна на слабите и нејаки плеќи од неговата мајка,работеше а кога обврските ќе се зголемеа и помагаше и Дамјан,и покрај тешкиот а некогаш и неподнослив живот Дамјан не ја губеше надешта дека ќе заврши ќе се вработи,да размислуваше за факултет беше чиста лудост,но сепак се надеваше дека кога ќе го заврши средното школо ќе се вработи а потоа како вонреден студент ќе го продолжи своето школување,дојде и денот на матурата,на најскромен начин ја прославија матурата,а потоа започна да бара работа,но колку повеќе ја бараше толку повеќе таа бегаше од него,секогаш му нудеа или понижувачки услови или несоодветна работа,но не се срамеше туку прифаќаше,работеше и не се жалеше,кога ќе го гледаше мајкаму да си доаѓа од работа целиот исцрпен срцето и се параше на илјада парчина но незнаеше како да му помогни,сите негови другари започнаа да студираат а тие што можеа заминаа од градот бараќиси ја среќата во други држави,само Дамјан остана во градот остана зошто имаше обврска и према неговата малолетна сестра која сега пак таа беше средношколка,работеше но секаде кратко,кога ќе ја добиеше платата едноставно на Дамјана му доаѓаше на газдата да му ја извади душата со два прста,бидеќи ова не беше плата туку милостина,одеше на друго место но секаде беше скоро исто.
Излезе и ова утро од дворот и се упати према фирмата каде што работеше,ги погледна птиците кои стоеа на жиците,ги погледна но сепак не им придаде големо значење,со брзи чекори се упати према познатата цел,
Како Дамјан се одалечуваше од куќата така птиците го испратија со поглед,а кога веќе заврти на сокакот,се разлетаа и започнаа со утринските песни,одеше Дамјан по веќе познатите улици,одеше и не забележуваше дека декорот на населбата се менува,завлезе Дамјан во дел кој и за него беше непознат, свати дека го згрешил патот,погледна на рачниот часовник да види колку е ,не сакаше да закасни,но часовникот беше застанат на 07,15 часот,беше сигурен дека оди повеќе од 40 минути,толку му требаше на Дамјан до работа,но ова ни приближно не беше населбата каде што работеше,сега добро започна да гледа,празни и правливи улици,мали и овде онде полураспаднати куќарки,како ќе се доближеше до нечиј двор,така сваќаше дека овде одамна не стапнала човечка нога,продолжи понатаму но секаде беше исто,ѓубре и крш од коли беа насекаде,во еден момент помисли дека слушна човечки гласови,ги забрза чекорите,но кога заврти позади аголот немаше никој,продолжи да оди сега по улицата но и оваа беше со сличен декор,улуцата ги водеше према една поширока пољана на која имаше мал простор  на кој беше очигледно дека тука играат деца,на среде од пољаната имаше еден голем даб,даб со голема и раскошна крошна,незнаеше колку е часот но по топлината што ја распостилаше сонцето,мораше да биде околу 10,ги избриша капките пот кој започнаа да се појавуваат на челото,што од жешко,што од неизвесноста,и се упати према дрвото,го мамеше сенката,но и да не го мамеше сепак мораше да се тргне од сонцево,полека стигна и седна на правливата земја,сега не гледаше дали ќе ги извалка или не панатлоните,седна и запали цигара, започна полека со погледот да гледа наоколу но и колку да гледаше насекаде истата слика,најмногу што го плашеше овде беше неприсуството на луѓе,гледаше и полека го вовлекуваше отровното задоволство во градите,како вовлекуваше така започна погледот да го врти во гранките на дабот,барем во сето ова сивило да ги одмореше очите,ги гледаше лисјата и во еден момент доби впечатот дека некаде во лисјата здогледа нечија силуета,во првиот момент помисли дека халуцинира,но колку  повеќе гледаше толку повеќе започна да се отцртава силуетата,не требаше долго да гледа за да свати дека е тоа некоја старица,стана со намера да се искачи на гранките и да и помогни да се симне,но само што стана пред него се створи истата старица која беше на гранките,ја гледаше Дамјан зачудено,ја гледаше и немаше ниедно логично објаснување како одеднадеш се створи пред него кога само еден миг пред тоа беше горе на гранките.
Старицата која на своите плеќи носеше многу многу години се створи спроти Дамјан,тагата која и се читаше во очите и колку да ја криеше ,беше очигледна,го гледаше дамјана со преголема тага,го гледаше дамјан но и тој ја гледаше и не можеше да го најде вистинскизборови со кој ќе започне разговор,прво од самото изненадување потоа од многуте нејаснотии што се створија тогаш во тој момент,но старицата како да го преитри со зборовите,
-во погрешен ден,во погрешен ден момче дојде.
-а кој ден е денес ако смеам да прашам-тивко ги изговори овие зборови и ја погледна старицата во очите,
-проклетија е денес синко ,проклетија ете кој ден.
Ја гледаше Дамјан старицата и ја слушаше,но едноставно ништо не ја разбираше.
-Зошто е проклетија денес,објасними те молам,зошто ништо не те разбирам што ми зборуваш.
-Проклетија страшна синко проклетија.......замолчи старицата за миг и сега таа го погледна во самиот врв на очите...откако погледите се стретнаа се гледаа извесно време молчеќи а потоа старицата продолжи да зборува сега некако полека со голема тага во секој збор....синко...повторно го погледна во очите...многу ноќи те слушав како плачиш и како ја проколнуваш судбината,знам,можеби и имаш право што си и лут на судбината за неправдата што ти ја нанесе,но сепак треба да разбереш дека е таа твоја и само твоја,ти си тој кој самиот ја кроиш,ти си тој кој самиот ја градиш или рушиш,се трудев многупати да ти ја олеснам маката,и успевав,незнаеш ти за тоа,а подобро е да не те заморувам сега со некои работи,но биди сигурен доколку издржиж на овој пат уште малку, ќе успееш и ќе видиш дека сите работи ќе си дојдат на свое место,исврлиги неразумните желби од твојата глава,немој веќе да бараш нешто што природно не ти припаѓа,сепак твоето срце е преголемо и чисто за тие валкани пари што ги сакаш,престани да ги сакаш толку многу и парите,и лесниот живот,престани зошто ако продолжив ќе стигнеш во оваа проклетија,намерно те донесов овде за да имаш можност да го видиш твојот крај,неверуваш нели,неверуваш дека ако продолжив со твоите желби дека сепак ќе завршиш овде во оваа човечка пустелија,каде нема ништо,каде е една обична празнотија,овде синко с е празно,зарем не гледаш,сите овие куќи се полни со сенки,сенки се тука и и ништо друго,ги донесе овде во проклетијава нивната лакомост,нечовечност и неразумност,затоа за последен пат те предупредувам,вратисе на патот по кој одиш зошто уште само еднаш да посакаш,јас ќе те оставам и препуштам на ништавилото,но запамети кога ќе стигнеш овде како сенка тогаш јас ќе бидам немоќна да ти помогнам и да те извадам.
Ја гледаше Дамјан и не можеше да верува во тоа што го слуша,сега некако на шега и возврати.
-Е сега се ми објасни и се те разбрав знаеш.и на крај краеви што има толку лошо да с е посакува подобар живот,ајде ти се молам тргними  се од пред очи,зошто од совети ми е преку глава.
Тогаш наместо тага од старицата изби некој бес.
-сакаше пари и ќе ги имаш,сакаше лесен живот и ќе го имаш.
Дамјан и возврати.
-нормално е и човечки да се посакува,и  јас не гледам ништо лошо во тоа.
-те уверувам дека од денес натаму се што ќе посакаш ќе имаш,но внимавај,ќе изгубиш нешто поскапоцено,ќе ги изгубиш срцето.
На ова Дамјан слатко се изнасмеа.
-Леле леле па досега што го имав,големо фајде видов,ајде ти се молам,ме заморуваш само со твоите пропаднати филозофии,бабооо ако не си сватила сега е 21 век,во 21 век срцето и чуствата не се на цена,никој и не те прашува дали имаш срце или немаш,а тој што го има едноставно е само губитник и пропаднат човек.
Старицата викна сега исплашено
-неееееееее немој повеќе Дамјане синко ова да си го изговорил,за да не зажалиш навистина-уште реченицата не ја изговори старицата кога пред нив се створи еден елегантен и вистински господин скапоцено облечен по последна мода.застана спроти нив двајцата и со нервозен глас и се обрати на старицата,Дамјан го поздрави со пријатна насмевка и климање на главата.
-Ајде кобничке една ,доста со твоите празни зборови,доста му ја полниш главата на момчево,зарем уште не свати дека твоето време одамна е веќе мртво,ајде тргнимисе од пред очите додека не сум се налутил и замини веќе еднаш таму каде што ти е местото.
Старицата ја наведна главата и на заминување пророни само една солза.солзата кога капна на земјата,започна да врие небаре врела вода некој истури.
-Прости момче за мојата нервоза,но едноставно морав да и кажам на оваа кобничка каде и е местото,прости уште еднаш што не ти посакав пријатно добредојде уште првиот пат.-ми ја подаде раката и срдечно небаре се стари пријатели со години се поздравија,не ни збележа дамјан од каде се створија две прекрасни столици.
-седни Дамјане седни,и уште еднаш простими за непријатниов амбиент,но ова не е мојот стил на преставување,јас овде не те донесов,па едноставно мораме да импровизираме.
Седнаа двајцата сакаше сега нешто Дамјан да каже,но господинот го предитри.
-ти беше Дамјан нели,извини морам повторно да те прашам за да не дојди до некоја забуна.
-да јас сум Дамјан.
-добро и немора ништо да ми кажуваш зошто знам се за тебе,добро ме имформираа,знам кој си,што си,што ти се случило во детството,знам што сакаш,и таканатаму и таканатаму,да не должам нели.
-ако смеам да прашам од каде ги знаете сите тие работи и кој ве имформирал се за мене.
-ајде Дамјане да не си го трошиме нашето скапоцено време со ситници,и на крај краеви тоа и не е толку важно,сепак ни јас ни ти тука не сме да водиме долги разговори.
Зборуваше господинот а Дамјан само го гледаше зачудено.
-Дамјане,да не должам многу,сакаш,пари,сакаш слава,сакаш моќ,знам сакаш зошто многу ноќи ова го посакуваше,па еве сега дојде моментот кога ќе ти отворам многу врати и сето ова ќе ти стане достапно.но сепак од тебе би сакал еден потврден одговор.
-Кажете.
-Сега за последен пат те прашувам,дали навистина сите работи кој досега ги посакуваше сега сакаш да бидат твоја стварност.
Го гледаше Дамјан сега и молчеше,се сети на зборовите од старицата,но како мислата да му ја прочита.
-оставија старицата на мира,таа замина и сега ти разговараш со мене.одговорими брзо без многу размислување.
-па за сакање нормално дека ги сакам кој не би посакал.
Реакцијата беше навистина весела
-Е кога ги сакаш и ќе ги добиеш.но сега мораме јас и ти да направиме договор.
-каков пак сега договор.
-Нормален Дамјане нормален договор, ,кога едниот дава а другиот зема нормално мора да има договор за тоа тој што го продава по која цена ќе го продаде,а тој што го купува по која цена ќе го купи,договор Дамјане е најнормална работа во нормалниот свет и тука нема ништо чудно.
-добро да слушнам кој се условите тогаш-праша Дамјан.
-еве вака,додека ги имаш сите овие работи,твојата душа ќе биде кај мене како залог.за да бидам сигурен дека сепак нема да прекршиш некој дел од договорот.или недај...пу пу,започна да плука на земја, се премислиш.
Ја гледаше Дамјан сулуетата пред себе,борбата на доброто и злото започна во него еден глас викаше силно.
-Дадија душата будало едно,што корист имаше досега од таа твоја душа,што.
Другиот глас сега го надвика првиот.
-Немој Немој дамјане не го прави тоа,ако ја дадеш сега душата веќе никогаш повеќе не можиш да ја вратиш,немој дамјане ќе станеш само сенка од човек.
-Дадија будало една,ова е шансата што ја чекаше,ова е моментот за кој толку ја проколнуваше судбината.
Другиот глас кој го молеше да не ја даде душата со секој збор беше се послаб и послаб,се до еден момент целосно не се изгуби остана само ехото од гласот .
Решеноста на Дамјана да го направи договорот веќе беше јасна ја подаде раката  во знак на одобрување а во себе си помисли.
-подобро е да одам богат во пеколот,отколку сиромав во рајот.
Лицето на силуетата се озари,застана спроти Дамјан,во воздухот испружи една стара пожолтена ролна,која кога се одвитка,Дамјан забележа дека не е единствениот кој се потпишал,списокот беше поприлично голем,го стави својот потпис со пенкалото кое му го даде,
-Сега Дамјане да го земам тоа што е мое.
Застана позади Дамјан и десната рака ја стави на негово теме,небеше свесен Дамјан колку време помина,но студенилото кое му помина низ целото тело беше доказ,дека силуетата го зеде тоа што го сакаше.,забележа во еден момент како силуетата ја завитка хартијатаа и затвори мало кутувче,
-Одиси сега дома и знај дека од сега животот ќе започне да ти се менува премногу брзо.
Како што се појави силуетата така и се изгуби,остана сам Дамјан да гледа околу него,сега повторно беше во онаа позната околина.кога сакаше да погледни во часовникот пред себе повторно ја забележа старицата која како се доближуваше до него така стануваше млада девојка,кога дојде спроти него само му кажа.
-проклетија синко проклетија си зеде на врат,сега кога веќе нема ништо човечко во тебе,сега кога си целосно празен,знај,од денес па натаму само ќе луташ бесцелно низ животот,ниедна радост вистински нема да ја видиш,ќе луташ и после смрта,ќе луташ во проклетијата и ќе ја бараш назад својата душа,но никогаш нема да ја најдеш,никогаш, зошто веќе таа е заробена,и кога би можел сега да ја видиш како плачи и те проколнува.....сакаше да каже уште нешто но Дамјан ја прекина луто.
-Тргними се од пред моите очи ти проклетнице.

Замина на работа,денот го помина исто како и вчерашниот,кога си доаѓаше накај дома,од трафиката која беше спроти неговиот дом уплати лото ливче за вечерашното лотариско извлекување,веќе 8-9 кола не беше падната главната премија,така износот беше повеќе од голем,го зеде ливчето го стави во џебот и замина дома,изморено легна на креветот и заспа,го разбуди неговата мајка.
-Дамјане Дамјане стани синко да слушниш што кажуваат на телевизија,после 9 кола падна седумка на лото,стани синко,ех да знам кој е тој среќник што доби половина милион евра.
Ја погледна рамнодушно Дамјан својата мајка и без трунка радост и рече.
-Јас сум Мајко тој среќник јас сум.
Со  парите Дамјан отвори фирма,која со секој поминат ден беше се поуспешна и поуспешна,угледот на Дамјан растеше како и неговото богатство,од скромниот дом Дамјан се пресели во убава и прекрасна нова куќа,но во новата куќа отиде сам,бездушност и нечовечност започна Дамјан да покажува према сите,неговата мајка и неговата помала сестра остана во малиот но пријатен дом,никогаш не стапнаа во неговата куќа,фирмата започна да се проширува и во повеќе држави,а апетитите на Дамјана растеа од ден во ден,не го интересираа човечките судбини на неговите вработени,и од такт се вадеше кога некој од неговите блиски соработници ќе започнеше да го моли за некој ваработен кога требаше да му се помогне со одредени стрества посебно за лекување на малолетни деца,ги прекинуваше во разговорот и ги бркаше од неговата канцеларија.Никој веќе не се сеќаваше кога го виделе Дамјан насмеан или весел,единствено можеше да му се види мала искра во очите само кога фирмата ќе постигнеше добар договор,а тоа значеше дека неговото богатство се зголемило,како одминуваше времето така неговиот туп и рамнодушен поглед ги бркаше луѓето околу себе,кога доаѓаа кај него во канцеларија или коа седеа некаде на деловен состанок,сите сакаа што побргу да заврши и да му се изгубат од пред очите,а Дамјан и не се грижеше дали некој ќе сака или не со него да разговара,доволна му беше него неговата самотија,самотија која ги хранеше со нови и нови идеи како да ги зголеми своето богатство.времето одминуваше а сега апетитите на Дамјана се проширија и на политиката,се проба и успеа,сега ги имаше сите работи што ги посакуваше,пари слава и моќ.Задоволно седеше Дамјан во својата раскошна палата,ладеќи се во дебелата сенка и сладеќи се со вискито кое го држеше во раката.Погледот му се губеше некаде напред .

0

3

И темнината плаче.

Никодин Чернодримски

14.08.2008 год 12.30 час.

Молскавицата по трет пат вечерва го распара небото,го распара со страшен трескот терајќи ги така и најхрабрите да влезат некаде и да се сокријат од бурата која неминовно доаѓаше,но јас  стоев на аголот од улицата,стоев потпрен на одамна излупениот зид на кој веќе сега и циглите полека ги ронеше времето,стоев со една празна надеж дека повторно како некогаш ќе го слушнам звукот на твојот чекор,звукот како доаѓаш брзајки,не не  бразајќи туку трчајќи за што побргу  да стигнеш во мојата прегратка,една проклета солза која евеја ми се стркала по образов незнам по кој пат ми кажува дека чекањето е залудно,не ја обвинувам можеби и има право,но спомените се уште се свежи од тебе и тие ја лажат илузијата дека можеби ќе стане стварност,стојам со поглед вкочанет и само го слушам чукањето на срцето,го слушам како ги буди чуствата на немир кој како свиреп демон на сегашноста кој сега се слади со тагата која веќе свила гнездо и со секој поминат ден прави се повеќе и повеќе храна за тој демон,додека душата се труди колку толку да ја ублажи болката од спомените,тие со секој миг се повеќе и повеќе се брануваат правеќи таласи кој го хранат изворот на солзи,сега кога улицава е празна не се срамам да ги запрам да течат како река ,нека течат и онака нема кој да ме види дека плачам,плачам за едно време,време кога ја сакавме есента,ја сакавме и со насмевки трчавме низ паднатите лисја,тивкото ветре кое ги носеше лисјата нежно ги спушташе на нашите глави правеќини златоносна круна,круна која мислевме дека ќе ја носиме и во вечноста.еве сега еден спомен повторно ми го покажа твојот насмен лик кој го гледамво секоја капка дожд која паѓа врз мене,не го чуствувам студенилото на капките,вриланата на тој спомен го грее моето тело кое и капките ги топи правеќи ги во пареа,стојам а во рацете цврсто го стегам писмото кое го добив,немав храброст да го дочитам до крај,пишуваше прекрасни песни и со песна од далечината каде што си сега ми кажа збогум.
Сега кога љубовта заврши
И се урнаа сите сништа и надежи
И кога веќе во очите мои
Сјај немам
Побарајме во старите спомени
И сетисе на убавите моменти

Знам дека болката нема да те скрши
Знам дека солзите нема да те удават
Знам дека спомените ќе те хранат

Кога осаменоста ќе те прегрни
Знај дека тоа сум јас
Седам тука сама сама со брановите
Седам и во секоја капка
Ликот твој го гледам

Го стегам писмото плашеќи се да го дочитам,и знам дека никогаш нема да го дочитам,но и немам доволно храброст да го стуткам и да го фрлам,мислев дека судбината која си поигра со мене и не ми ги даде сите животни задоволства,задоволства кој твојот татко сакаше да ти ги дадам а добро знаеше дека неможам,неможев зошто не бев твоја класа,но зарем затоа што небев класа,го немав правото да се вљубам,зарем навистина сиромасите немаат право да сакаат и  да бидат сакани,сега кога веќе си далеку далеку од мене,сега кога стојам на аголов,знам дека ни страотниот трескот неможе да го угуши тивкото липање на твојата нежна душа,го слушам тое липање и незнам како барем еден бакнеж да ти пратам како мелем спасоносен,стојам на аголов и ја хранам илузијата дека ете можеби можеби повторно ќе го слушнам тој волшебен чекор,чекор кој ги отвара вратите на моето срце,само стојам и ги оставам капките да паѓаат на мене,некаги така мислам дека секоја капка е солза на ноќта.

                                               %                      %                                %              %
Седеше безгрижно  Аџи Трајко и со задоволен поглед го гледаше аргатите како работат во полето на пространиот и широк балкон испослан со рачно ткаени килими,седеше вовлекуваќи густи облаци од чубукот кој го донесе од Ерусалим,Аџи Трајко прв Чорбаџија во целиот крај,веќе богатството му се мереше со товари,силата со неколкумина рслани кој беа во секое време околу него,и една дизина слуги,ергела од коњи,овците и трлата не си ги знаеше ни самиот тој,ги знаеше само Ќајата Митре кој беше кај него измеќар уште како дете,но како растеше така ја здобиваше довербата на Чорбаџијата,така да кога наполнио триесет години Аџи Трајко му ја довери грижата за целокупната стока,во последно време до ушите на Трајко стигна муабет дека и на беговите не им е по кеф,ама не се секираше Аџијата за тоа имаше ќатип со царски мур и потпис лично од самиот султан,па пет пари не даваше за тие муабети.
Прекрасното уживање во тутунот на Аџијата му го прекина силното тропање на портата,само го заврте погледот према слугинката,која со трчање отиде да види кој е,не помина многу време кога полека полека одеќи на прсти се доближи до него и со тивок глас му кажа кој е,
-Пуштиго нека влези.-и заповеда  со строг глас.
Дали дојденецот леташе по скалите или беше толку слаб што ниедна штица не крцна,никој не знаеше но за час се створи пред него,ја извади капата од глава,се наведна поздравуваќи го така чорбаџијата,и погледот го впери некаде во подот,не сакаше да го погледни во очите,Бошко Лигушот селски кодош кој се знаеше,ама кажуваше само од интерес, ако му платиш ќе ти кажи,го избегнуваа сите во селото и се трудеа некако да му избегаат од погледот,но пустиот како да беше надарен со триста очи а не со две,гледаше како сокол и слушаше се.сега стоеше пред чорбаџијата ама од веста што му ја носеше како и него да го исплаши,јазикот му се врза,беше пишман што дојде ама немаше каде веќе,бидна што бидна.
Аџи Трајко молчеше,не го започнуваше муабетот прв,туку чекаше лигушот да кажи за што е дојден.
-Да ти се многу години чорбаџија,да ти се многу години,господ да те поживее и тебе и фамилијата-зеде сега некако да ја омекнува лигушот.
-ајде ајде нетуку ми се лигави,туку кажи што имаш за кажување и губимисе од пред очиве,
Го поткрена погледот Бошко лигушот чисто да го види изразот на џорбаџијата,ама густите веѓи,спуштените мустаќи и ладниот поглед не му дадеоа некоја надеж дека ќе заработи некој мангар,повторно се покаја Бошко ама.
Тогаш чорбаџијата стана од столот,ги зеде бројаниците во рака и започна да ги врти,по ударите на жолтиот килибар слугите знаеја дали чорбаџијата е лут или не,ги вртеше полека фаќајки ги со секој прст прво ќе го фатеше килибарот го вртеше вртеше  па потоа го земаше следниот ,кога беше смирен кругот од килибар го правеше со саати,но,но кога беше нервозен ете тогаш килибарот просто му леташе меѓу прстите,го знаеше сето ова лигушот и прво зеде да ги гледа прстите на чорбаџијта,кога се увери дека е спремен да му ја соопшто веста ја подисправи главата и таман сакаше да ја отвори устата кога Аџи Трајко го пресече.
-слушај ваму лигуш,ако ми носиш арна вест,богато ќе те наградам,ама......подзастана со зборот чорбаџијата......ама ако ми носиш лоша вест,ете тогаш,тогаш.....подзастана со муабетот......тогаш лигуш прво ќе те пуштам кај моине арслани,малку да те поминат низ раце под нозе шо се вели,а после .....се поднасмеа на оваа мисла....после ќе те пуштам кај моине пци,и онака од собајле не се јадени така да некоја пара ќе зашпарам на храната нивна......се поднаведна и му се вдаде влице на лигушот.....разбрааааааааааа.Се заврти и се доближи до оградата на балконот вперуваќи го погледот повторно во полето.
На Бошко Лигушот крвта му се здрви во вените,вилиците му се вкочанија,и сега навистина лигушот го почуствува стравот,ама стравот во вистинска смисла,сега и не знаеше како да ја соопши веста,а од друга страна во себе си помисли.
-е лигуш лигуш ако сега извлечиш жива глава ,да не ти текнало повеќе да кодошиш,еве гледаш ли како натемаго ти ја даде сметката.
Се заврти чорбаџијата и викна силно.
-лигуш зборувај,знам добро дека ти за бадијала не доаѓаш.кажувај што има да кажеш,зошто немам намера денот со тебе да го денгубам.
Си го виде крајот Бошко но мораше некако да почне,затоа зеде да врти околу околу.
-па дојдов чорбаџи да ти кажам за една работа,за која неверувам дека ќе ти се бендиса,ама си викам ајде да одам зошто ова не е за молчење....ги кажуваше зборовите лигушот ама како некој си клешта да му ги вадеше од устата.....одам така некни приквечерина покрај реката,и.....подзастана сега сакаќи така да го привлечи вниманието на чорбаџијата и колку толку да ја ублажи лутината негова...одам.
Бесот кој полека започна да се јавува кај чорбаџијта беше на повидок повторно викна силно.
-нетуку ме мафтосувај со твоите приказни туку кажими што имаш да кажиш.
Ја поднаведна главата и знаеше дека неможе долго да го одоговлекува тој момент.
-чорбаџи за ова што ќе ти го кажам несакам да ми платиш,
-дали ќе ти платам или не тоа зависи од мене а не од тебе-веќе започна да го обзема сега лутината и силно со ногата го ритна во слабините Бошко,кој од болката се свитка на балконот,низ забите со болка процеди.
-аман бре чорбаџи зарем толку заслужив.
Сега го ритна уште еднаш ама посилно
-Море куче едно касапско ти заслужуваш многу повеќе,туку ај сега олку ти е доста,зборувај,за да не земам сега со малихерата да ти го истурам тука мозокот,зборувај,
Сега на Бошко лигушот веќе му беше сеедно дали ќе ми ја скинат главата или не,го крена погледот исполнет со пркос и му се вдаде на чорбаџијата влице.
-кај реката ја видов Фросина твоја со Дончо Стрезов како се гушкаат.
Ако Бошко или слугите некогаш виделе темно небо,сега можеа слободно да речат дека сепак било некако ведро,ако некој памети некоја темна ноќ,темна што се вика прст пред себе да не гледаш сепак и во таа темнина имало нешто светло,ликот во тој момент Аџи Трајко толку се смени,се стемни што дури и небеше за гледање,брчките на лицето сега добииа некоја пооштра и потемна боја,се собраа густо на челото даваќиму така ѕверски изглед,веѓите се собраа и се споија,така да не знаеше каде едната започнува а каде другата завршува,ладните очи сега добиаа некоја неприродна боја,што само миг фалеше од нив да не излета некоја мољна,густите и од тутун пожолтени мустаќи се накострежија и се кренаа нагоре правеќи така некоја фирура на бесен морски бран,усните се стегнаа и во истиот момент кога лугушот ги изговори тие зборови станаа модри,шкрипењето на забите беше толку непријатно за слушање што лигушот веќе во тој момент се гледаше испружен во дрвен сандак,долната вилица заедно со брадата започна да се треси толку силно што забите и шкртаа и тропаа,ги стегна силно тупаниците и од силата чиубукот се здроби небаре од хартија беше,се здроби на неколклу парчиња,го фрли со сета сила на другиот крај од балконот,и извика со сет глас колку што го држи сила.
-Фросиноооооооооооо- викна толку силно Аџи Трајко што и слугите кој ѕиркаа на вратите се сокриаа,пците кои лаеја замолчија,одеднадеш се створи таква тишина тишина што кај човека морници го полазуваа ,викањето најавуваше уште поголема бура,бура која можеби и никогаш ќе нема крај.
Фросина.миленичката на Аџи Трајко,стасита и со убавина и со снага надарена мома,мома која секојдневно додека одеше не само по нивното село туку и по другите села лакомо им ги крадеше погледите на сите ергени,им ги крадеше ама многумина,знаеќи дека не се лика и прилика на неа не се осудуваа ни да и пријадат во нејзина близина,доаѓаа кај Аџи Трајко во последно време многу стројници кој му нудеа бројни богатства за ќеркаму,а искрено многумина чорбачии посакуваа да се сосватат со Аџијата и така богаството да си го дуплираат,прајќаа абери по разно разни аберџии ама Аџијата многу многу не ги дослушуваше,сите ги испраќаше само со еден одговор.
-Фросе моја е малечка и уште не е фтасна за мажачка.
Додека Аџијата целиот обземен од бесот и лутината се вртеше на балканот,Бошко лигушот се стрча со сета сила по скалите и ја отвори портата губеќисе некаде во селото,додека трчаше како улав небеше свесен од каде му е таа сила за трчање,но кога застана да собере малку душа дури тогаш свати дека стигнал до соседното село,а тоа село со ова беа одалечени добри три сати одење,седна над селото и започна да се мисли дали да се врати или сега засега да се засолни некаде подалеку,знаеше дека Аџијата кога ќе се свести ќе пушти некој од неговите гавази да го одвлечкаат пред него,па затоа реши да замине за некој периот подалеку а тоа подалеку беше преку барата.
Стоеше Аџијата и само ги менуваше боите на лицето,те црвена,те темно сина,те бледа,па повторно црвена.
-Фросиноооооооо да си се нацртала пред мене.
Од викањето на Аџијата сега многумина сватија дека кај него се случува нешто невообичаено и несекојдневно,па селските сеирџики,полека полека се прибраа покрај ѕидиштата запираќи го дишењето и со тоа сакаќи и најтивкиот збор кај Аџи Трајко да го слушнат.
Фросина кутрата кога го слушна својот татко како вика,на место се здрви,полека и стана јасно дека тајната која ја криеше веќе една година е откриена,кроце кроце,што се вика само ја подаде главата од својата соба,а тоа неможеше да му избега од оштриот поглед на Аџијата.
-Пред мене,да не доаѓам јас по тебе.-само кратко но строго и викна.
Во тој момент да и ставеа на Фросина камења од сто оки полесно ќе ги носеше,одеше но подобро кажано се влечеше,одеше накај таткаси но нозете сами се враќаа назад,отиде како отиде.застана пред него ,младото тело трепереше од страв исто како вејката кога трепери пред силниот ветар да не ја скрши,застана и погледот го закова во една прекрасна шара која самата ја имаше ткаено на килимот кој беше послан баш тука,се загледа и малку таа шара како да и ги оживеа спомените,со секој конец кој беше тука проткаен имаше една нејзина воздишка,која ја испушташе откако ќе се вратеше од средбите со Дончо Стрезов.не се осудуваше во тој момент Фросина да го крене погледот,го знаеше премногу добро својот татко,па затоа со погледот само шеташе по шарата и ја чекаше пресудата која ќе и ја изрече нејзиниот татко.
Аџи Трајко ја гледаше својата миленичка како стои пред него,стои и целата трепери од страв,некако во тој момент му падна жал,ама тоа беше само еден мал миг,следниот беше многу страшен и разорен,повторно неговото тело го обзедоа некои бранови на бес,навреда,навреда што токму неговата миленичка го извалкала неговиот образ,образ кој требаше да биде светиња за неа.
-Фросино-повторно силно викна Аџи Трајко-Фросино ќерко,кажими дека ова што го кажа лигушот не е вистина,кажими ќерко и дојди да те прегрнам,
Во тој момент да земеше некој на Фросина да и го корни срцето немаше да почуствува никаква болка,но знаеше дека мора да му ја каже вистината, уште подобро знаеше дека таа вистина ќе биде крајот на љубовта нејзина,знаеше но едноставно немаше сила да ги изговори тие зборови,ја крена само главата а солзите сами потекоа по образите,течеа толку брзо што за кратко време и ирамчето започна да се кваси,не ги запираше солзите Фросина само го гледаше таткаси и ја чекаше само казната.
-Фросино изговори го тој збор што сакам да го слушнам и се ќе биде како порано-зборуваше,нене не зборуваше Аџи Трајко туку грмеше гласот негов,грмеќи се доближи до неа ја фати за брадата со своите груби раце тресеќија силно главата.
-кажи кажи дека тоа не е вистина.зборуваше и во лутината ги стегаше вилиците,-кажи кажи дека не е тоа вистина.
Зборовите од нејзиниот татко веќе не допираа до Фросина,во тие моменти започна да ја проколнува судбината што се родила прво како женско,а потоа што и го даде тоа чуство од кое неможе никој да избега,и ја даде така наивно љубовта,а сега така сурово и ја одзема,ја проколнуваше во себе и веќе сеедно и беше што ќе биде со неа.Ја крена главата и со ладен глас од кој во првиот момент се изненадди и нејзиниот татко му одговори.
-Вистина е вистина е татко,го сакам Дончо Стрезов,го сакам и сега прави со мене што сакаш.
Ако ѕверот спие во секој човек,сега кај Аџи Трајко се разбуди и започна во тој момент навистина Трајко да се однесува ѕверски,очите му добиаа некој крвјосана боја,а лицето му се изобличи до невидени граници,ја турна силно со двете раце,што Фросина од силата на ударот летна до ѕидот со цело свое тело удри со таков тресок,што во тој момет од соседната соба излезе нејзината мајка,која застана пред фросина која од ударот само се лизна покрај зидот и се испружи на подот недаваќи знаци на живот.Велика сниска но цврста жена се заврти и клекна крај Фросина,ја фати нејзината глава,и започна со скутарето да и ја бриши крвта која започна да тече од главата на Фросина,ја галеше со рацете по лицето
-Фросе на Мајка не ми оди сине,не ми оди мајкина ќерко,не ми оди-ја галеше нејзината глава и со солзите и го миеше образот,но и колку да капеа солзите на мајкаи Фросина никако не отвараше очи,се заврти накај Аџи Трајко и сега таа со силен глас викна на него.
-Проклет,проклет да бидиш и на овој и на тој свет,уште колку гробови ти требаат  да ископаш за да ја нахраниш веќе еднаш таа твојата бедна и лакома душа.
Овие зборови како нож го погодија Аџи Трајко,во целата таа лутина и бес,започна прво со мангалот,го зеде и го фрли некаде во дворот,потоа дојде ред на ибрикот толку силно го удри со ногата што срчите летаа на сите страни.
-замолчи замолчи проклетнице,замолчи веќе еднаш,зошто главата ќе ти ја столчам како на змија.
-ајде ајде што чекаш.ајде направиго тоа,ми го зеде Андона,сега и Фросина,ајде што чекаш ајде ѕверу еден ѕверосан ајде направиго тоа,
Го зеде камшикот во рака и со таква сила ја удри што и парче месо и летна од образот кога камшикот помина преку неа,ја удри само еднаш и луто се симна по скалите,коњот оседлан веќе го чекаше во дворот.
Сеирџиките кој висе на ѕидовите од сарајот како да знаеја дека сега Аџи трајко лутината ќе ја истура на аргатите по полето,па уште пред да се симне во дворот пуштија абер по децата да се тргнат од имањето на Чорбаџијата ако сакаат да не го почуствуваат на свој грб бесот кој сега избиваше од секоја негова пора,го збодиња коњот во галоп и замина во полето,го збодиња но се изненади кога виде дека нема никој,започна со коњот да оди по родот што беше низ нивјето и со камшикот се што ќе му дојдеше пред очи сечеше.
Велика се омажи откако нејзината љубов Андон мораше да се ожени под притисок на Трајко со друга девојка која тој му ја донесе од којзнае каде,иначе Андон беше таткото на Дончо,а векот на Андон не беше долг,една вечер Трајко и Андон заедно заминаа во планината да бараат злато двајцата,а беа другари од мали нозе,го најдоа но Андон златото го плати со глава,никогаш не се дозна како погина само Трајко ја знаеше таа тајна,а тој целиот живот тврдеше дека кога се враќале од планина Андон се лизнал на карпите и паднал во бездна,телото беше најдено по една недела,вистината беше малку поинаква,и Андон вечерта замина во планина со истата намера да го најдат златото но и да му врати за тоа што му ја зеде Велика,во кошкањето кое настана на карпите посилен како што беше Трајко го зграби прво за половина и откако му го зеде воздухот силно го турна во бездната надолу,го турна и не се ни зврти да види што е со другарму,го  зеде златото и се врати  со мугрите во селото.
Се собраа слугите и полека ја кренаа Фросина на раце носеќија во нејзината соба,полека ја спуштија на постела,донесоа леѓенче со ладна вода,го натопи Велика и полека ,полека најнежно што можеше и ја бришеше раната од ударот,па продолжи по лицето.дали од цвежината на ладната вода,Фросина ги отвори очите и со погледот прошета насекаде низ собата,бараќи го таткаси,кога виде дека го нема,како доказ и дојдоа и зборовите на мајкаи.
-Го нема ѕверот ќерко го нема неплашисе,мајка е до тебе,само ако ти се доближи повторно со двете раце очите ќе му ги откорнам,па барем знам дека слеп ќе оди по веков.
-Мајко се плашам.
Повторно Велика со утешителни зборови ја тешеше својата ќерка.
-Мајка е тука мајка ќерко,мајка ќе те чува.и зборуваше а солзите само капеа на лицето од Фросина.
Веќе седмиот ден изминуваше а никој не знаеше кад замина Аџи Трајко,во самото утро на осмиот ден селаните го видоа,јаваше на коњот,но сега главата не му беше гордо грената,некако наведната,небричен и неиспран,изгладнет и со испиени очи,одеше полека коњот по калдрмата а Аџи Трајко само се нишаше на него,и без да го тераше си го знаеше патот,кога дојде пред портата,слугите ги отворија ширум двете крила на портата за да влезе,притрча еден од рсланите да го придржа да се симне,се симна полека и молчешкум отиде на балконот,седна на столицата,за миг пред него се најде кафе,со раката го потурна филџанот,што значеше дека не сака,сега бидеќи го немаше својот омилен чибук завитка цигара и се препушти на цигарата,го виде главниот измеќар Митре и го викна.
-Митре ќе одиш кај Аџи Никола,ќе му пратиш едно големо здравоживо од мене,и ќе му кажеш до вечер да дојди докај мене,разбра.
Ја наведна главата Митре во знак на почит и замина,но сега некако во гласот на Аџијата немаше веќе лутина или бес сега имаше некое големо разочарување.
Кога ја слушна веста Аџи Никола беше изненаден,но кога го кани Аџи Трајко мораше да оди.додека се спремаше Аџи Никола Аџи Трајко го собра своите гавази,им подели алтани и повеќе отколку што требаше и ги отпушти,им рече дека не му трбаат повеќе,слугите исто така скоро сите ги отпушти прво ги исплати,задржа само двајца и ништо повеќе.
Го помина денот на балконот,некаде околу пладне отиде до собата на ќеркаси  ја погледна ладно но ништо не рече.
Со мракот стигна и Аџи Никола се качи на балконот правеќи темане.
-Да ти се многу години Аџија.
-Фала Фала,да ти се врати благословот. Кратко и ладно му возврати.
Студенилото и не го изненади многи Аџи Никола,муабетите многу бргу ги обиколија селата,но сепак Аџи Никола молчеше и чекаше да го почне муабетот Аџи Трајко,зошто сепак тој го викна.
Кафето и ракијата веќе беа поставени на синијата,направија здравоживо,и молчешкум го пиеа кафето.
-Аџи Никола-го започна разговорот –ти имаш син машала за женење,јас имам ќерка-тоа ќерка го изговори со пола уста-па ете така си думав ,ако си каил да се сосватиме,и младиве да ги кердосаме.
Аџи Никола да можеше да рипне од радост ,сигурно ќе рипнеше до таван,ама се воздржа,само на лицето ја распосла широката насмевка.
-Сум сум како не сум каил-стана Аџи Никола да го прегрне Аџи Трајко но кога требаше да ја направат прегратката,аџи Трајко му го докажа муабетот.
-ќе ти ја дадам ќерками само под еден услов.
Застана на среде балкон Аџи Никола со раширени раце изненаден.
-Кажи кој е условот.
Го гледаше Аџи Трајко право во очи и му зборуваше
-Ќе направиме свадба по сите обичаи,тоа што треба да го дадам како мираз ќе го дадам,но мораш да ми обетиш само една работа,после свадбата младоженците мораат да заминат во Америка.
Зборовите како нож го пресекоа Аџи Никола,ги спушти рацете  и седна на диванот,седеше и се мислеше.
-Аман бре Аџи трајко ,немој не ми го прави тоа,знаеш дека имам само еден син единец.ти барем имаш син тука,а јас.
-Моето го кажав,ти како си знаеш така прави,одговор чекам сега,утре друг Аџија ќе поканам,мисли прај ама одговор сакам сега.го кажа ова и некако цинично се насмевна.
Аџи Никола сакаше од една страна да биде сват со Аџи Трајко ама од друга страна не ми се даваше син му да оди во Америка,зошто имаше богатства тука.
Мислеше мислеше од една стана тука беа врските што ги имаше Аџи Трајко ама помислата дека син му ќе замине го плашеше,не можеше сепак да се согласи на таков договор.
-Аџија а да останат младите.....зборот не го докажа кога Аџи Трајко го прекина оштро.
-Ако ти пасува договорот  прифаќаго ако не ја знаеш портата каде е.-се навали лежерно на зидот и како да уживаше кога го гледаше Аџи Никола како се бори самиот со себеси,го знаеше добро дека е лаком по пари,го запозна кога одеа на Аџилак,виде тогаш дека Никола се би продал за пари ,па некако сакаше сега да се увери дали е така.
Ги сакаше парите Аџи Никола,ама и синот го сакаше,но сепак мораше вечерва да се одлучи за едно,ако ја одбие фросина ќе го има синаси ама ќе ги нема парите,ако ги има парите ќе го нема синаси,додека од друга страна не можеше Аџи Никола сега кога му се укажа шансата да биде сват со Аџи Трајко да замисли на негово место да седи некој друг кој Аџи Трајко ќе го вика Свате.Пред очи му излезе сликата на Чорбаџијата Мето неговиот крвен непријател кој секоја недела пушташе абери кај Трајко да се посватат,не можеше да го види тој во преграткуте на Аџи Трајко.Со тешка мака стана и повторно ги рашири рацете за прегратка а тоа беше знак дека се согласил.
-Нека биде Свате Аџи Трајко,нека биде вољата твоја.
Стана Аџи Трајко видно задоволен од одговорот,ги рашири и тој  рацете прегрнуваќи се двајцата,насмевката која му се појави на лицето за миг го разувери и му ги растргна црните мисли.беше сепак задоволен,со еден удар отепа две муви што се вика,ја омажи ќеркаси и ја казни за тоа што му го извалка образот и името,а од друга страна ја казни алчноста на Аџи Никола.
Помина и свадбата на Фросина,после една недела собраа што собраа плачки,и заминаа во вит виделија преку морето,отидоа и никогаш не се вратија.Остана тука само Дончо Стрезов со својата тага,остана да лута како една сенка,никогаш не зе задоми,никогаш не се ожени,колкупати мајкаму го молеше,ама тој само и кажуваше дека не може да замисли друга жена до него,и толку,скиташе одеше ,но зборовите кога требаше некој нешто да слушне од него како со клешти да му ги вадеше,после две години Дончо прими писмо од Фросина,писмото го носеше постојано со себе,и покрај тоа што страниците беа доста пожолтениДончо никогаш не го фрли,го чуваше на своите гради и додека ги кажуваше зборовите писмото само нежно го галеше со врвовите од прстите.
Времето врвеше незапирливо  годините како години се множеа се редеа една по една ,веќе сега дедо Дончо како што престана да мисли на радоста престана да мисли и на годините,одеше дедо дончо одеше така честопати на аголот,и наслушнуваше и не го гледаше времето ,не гледаше како бурата се доближува до селото.зачекори со спори старечки чекори кон аголот.
Молскавицата по трет пат вечерва го распара небото,го распара со страшен трескот терајќи ги така и најхрабрите да влезат некаде и да се сокријат од бурата која неминовно доаѓаше,но јас  стоев на аголот од улицата,стоев потпрен на одамна излупениот зид на кој веќе сега и циглите полека ги ронеше времето,стоев со една празна надеж дека повторно како некогаш ќе го слушнам звукот на твојот чекор,звукот како доаѓаш брзајки,не не  бразајќи туку трчајќи за што побргу  да стигнеш во мојата прегратка,една проклета солза која евеја ми се стркала по образов незнам по кој пат ми кажува дека чекањето е залудно,не ја обвинувам можеби и има право,но спомените се уште се свежи од тебе и тие ја лажат илузијата дека можеби ќе стане стварност,стојам со поглед вкочанет и само го слушам чукањето на срцето,го слушам како ги буди чуствата на немир кој како свиреп демон на сегашноста кој сега се слади со тагата која веќе свила гнездо и со секој поминат ден прави се повеќе и повеќе храна за тој демон,додека душата се труди колку толку да ја ублажи болката од спомените,тие со секој миг се повеќе и повеќе се брануваат правеќи таласи кој го хранат изворот на солзи,сега кога улицава е празна не се срамам да ги запрам да течат како река ,нека течат и онака нема кој да ме види дека плачам,плачам за едно време,време кога ја сакавме есента,ја сакавме и со насмевки трчавме низ паднатите лисја,тивкото ветре кое ги носеше лисјата нежно ги спушташе на нашите глави правеќини златоносна круна,круна која мислевме дека ќе ја носиме и во вечноста.еве сега еден спомен повторно ми го покажа твојот насмен лик кој го гледамво секоја капка дожд која паѓа врз мене,не го чуствувам студенилото на капките,вриланата на тој спомен го грее моето тело кое и капките ги топи правеќи ги во пареа,стојам а во рацете цврсто го стегам писмото кое го добив,немав храброст да го дочитам до крај,пишуваше прекрасни песни и со песна од далечината каде што си сега ми кажа збогум.
Сега кога љубовта заврши
И се урнаа сите сништа и надежи
И кога веќе во очите мои
Сјај немам
Побарајме во старите спомени
И сетисе на убавите моменти

Знам дека болката нема да те скрши
Знам дека солзите нема да те удават
Знам дека спомените ќе те хранат

Кога осаменоста ќе те прегрни
Знај дека тоа сум јас
Седам тука сама сама со брановите
Седам и во секоја капка
Ликот твој го гледам

Го стегам писмото плашеќи се да го дочитам,и знам дека никогаш нема да го дочитам,но и немам доволно храброст да го стуткам и да го фрлам,мислев дека судбината која си поигра со мене и не ми ги даде сите животни задоволства,задоволства кој твојот татко сакаше да ти ги дадам а добро знаеше дека неможам,неможев зошто не бев твоја класа,но зарем затоа што небев класа,го немав правото да се вљубам,зарем навистина сиромасите немаат право да сакаат и  да бидат сакани,сега кога веќе си далеку далеку од мене,сега кога стојам на аголов,знам дека ни страотниот трескот неможе да го угуши тивкото липање на твојата нежна душа,го слушам тое липање и незнам како барем еден бакнеж да ти праљтам како мелем спасоносен,стојам на аголов и ја хранам илузијата дека ете можеби можеби повторно ќе го слушнам тој волшебен чекор,чекор кој ги отвара вратите на моето срце,само стојам и ги оставам капките да паѓаат на мене,некаги така мислам дека секоја капка е солза на ноќта.
Врнеше но тоа сега за дедо дончо ништо не значеше,се навикна на ладно,се навикна на топло така да полека ноќта изминуваше и занесен во долгото чекање не ни забележа дека дождот прекина да врни,а тој кој седеше на каменот само се потпре и заспа,колку спиеше не знаеше ни самиот тој,луѓето од селото го знаеа,па не го будеа,се разбуди одеднадеш,од некаде го слушна толку посакуваниот глас,го слушна тоа познато смеење,прво помисли дека е само сон,но кога добро ги протри очите виде дека сепак не е сон,пред него стоеше неговата Фросина,стоеше само во некоја друга облека,стоеше исто таква како што ја испрати во Америка,ја гледаше и само солзи пророни, ја подаде раката и го изговори зборовите.
-Фросино љубов моја,јас те чекав еве толку години тука.тука на нашиот агол.
Но чудно Фросина му проговори со некој друг јазик,јазик кој не го разбираше Дончо,ја гледаше Дончо Фросина,и таа го гледаше него и не и беше јасно ништо.во тој момент до неа пристигна една жена која исто така личеше на Фросина.Тоа беше мајката на Елизабет која премногу личеше на Фросина,кога се доближи повторно ги слушна тие зборови што ги изговараше старецот како во бунило,и свати дека тој е Дончо Стрезов големата љубов на нејзината Мајка,знаеше таа нашински,
-Дедо Дончо-клекна пред него-Дедо Дончо таа не твојата Фросина,таа е нејзината внука,мојата ќерка.дојдени сме од Америка сакаќи да го запознаеме родното село на мојата мајка.
Дончо сега му стана јасно.
-Ако ќерко,ако да сте ми живи и здрави,ако,ама ќе те молам само една работа.
-Кажи дедо.
-Дозволими само еднаш да ја допрам раката на твојата ќерка.
И се обрати Мајкаси на ќеркаси на јазикот кој го зборувааа,кога свати кој е старецот,Елизабет,сега веќе и стана јасно,приказната за големата љубов на својата баба Фросина  била навистина стварност.Стана Дончо и застана спроти Елизабет,но тој во своите очи ја гледаше Фросина,Елизабет го прегна  Дедо Дончо така нежно исто како и нејзината баба што го прегнувала,ја држеше извесен период во прегратките,потоа ја пушти така нежно небаре во рацете држеше нешто толку кршливо,ја пушти се заврти без да каже еден единствен збор и замина,но сега замина без солзи,отиде дома и легна на креветот да се одмори,легна и никогаш повеќе не се разбуди.

0

4

Се прикраде тивко до оградата,а зошто ни самиот не знаеше,некое претчуство едноставно му кажуваше вечерва да не оди на главната порта,да не оди,зошто сенките вечерва дојдоа пред неговата порта,не се плашеше тој од нив,се плашеше од тоа што го чека после,знаеше дека кога сенките ќе дојдеа пред некоја порта домаќинот никогаш повеќе не се враќаше дома,а и глас повеќе за него не се слушаше,а никој па и немаше смелост едноставно да праша каде е домаќинот,ќе го снемаше исто како што ќе го снемаше одговорот на тоа прашање,тивко тивко или подобро кажано одежеше на два прсти,го знаеше секое камче во сопствениот двор,и затоа никој и не го слушна дека беше тука присутен,полека се залепи до задниот ѕид на спалната,ако можеше така да се наречи собата каде што спиеа тој и неговата жена,се залепи и го изоштри слухот до максимум,сега можеше доволно јасно да ги слушне гласовите на сенките.
-Милке-грубо и оштро и се обрати гласот на неговата жена-не си играј со сопствената глава,не си играј со главите на сопствените деца,кажини каде е тој твојот и ние ќе си заминеме.
-Аман Атанас,аман ако знаеш за господ-свика жената.
На ова гласот се возбуди и запењи.
-Доста проклетнице доста,каков господ какви бакрачи,зарем треба со инка да ви тураме во тоа шупливите глави за еднаш засекогаш да сватите дека нема господ,немаааа немааа туриго тоа туриго во таа твоја глава-и започна да ја удира по глава.
Ја гледаше оваа сцена,Владо но неможеше да влезе ,зошто неговото влегување ќе значеше сигурна смрт не само за него туку и за неговата жена и неговите деца,го знаеше тоа од руги места каде им се спротиствуваа,а силата започна да му доаѓа од петици,фалеше само еден миг да скокни преку прозороецот да влезе во собата и на проклетнициве со сопствените раце да им ги откорни вратовите,но брмчењето на камионот надвор го предупреди дека не се сами,а тие па никогаш не доаѓаа сами,доаѓаа со цел еден вод војска,молчеше и со крајни напори се трудеше да го совлада бесот кој кипеше во него.
Кога мислеше дека конечно завршила целовечерната торура ,гласот кој го слушна  а доаѓаше веднаш до прозорот само од внатрешната страна,немораше да го гледа доволне беше што го слушна,го стаписа на место,го стаписа и откако си заминаа не можеше да се освести дека може тоа да случува.
-Милке ,наши сме се знаеме долго долго,кажи ајде кажи,каде е Владо,ќе го земат,ќе го однесат некое време,па откако ќе се опамети,ќе видиш ќе се врати и се ќе биде по старо.
Немораше да погледне и преку ѕидот го слушаше забрзаното дишење на сопствената жена,но ова небеше забрзано од возбуда,ова беше исто ако него полно со бес и омраза.
-Проклет,проклет да бидеш довека,ѕверу еден ,ѕверуууууу,како можеше само мајкати да роди еден човек и еден ѕвер,како,проклетнику,зарем исто млеко не цицавте,зарем од иста утроба не излеговте,проклет,проклет да бидеш .
Сега ,да небеа собите направени толку цврсти,можеше слободно да се срушат од гласот на Мирко,викаше,не не викаше,туку грмеше,грмеше и можеби неговото викање го слушнаа целото мало,но тоа во тој момент воопшто не му беше важно на Мирко.
-Запаметимиго зборов што ќе ти го кажам,ќе го најдам,ќе го најдам па макар сум морал камен на камен да превртам,макар сум морал да одам на крајот од светот,ќе го најдам и ќе и го предадам на партијата,ќе и го предадам ќе и го предадам и ќе им кажам,носетего каде што сакате,правете со него што сакате зошто такви предавници не ни се потребни во нашава држава.-овие последниве зборови ги кажа некако со особена гордост.
Сега веќе на Владо започна да му станува јасно,му стана јасно што е целта на ова предавство,не се работеше тука за никаква антидржавна работа,не се работеше тука за некаква си непријателска активност,се работеше за едно обична лакомост,веќе подолго време неговиот брат вршеше притисок врз него да му го препиши целокупниот имот,што тој го наследи од неговиот татко,а и тогаш кога таткому пред да умре,убаво му зборуваше Владо да не го препишува сето негово имање само на него,туку половината да му ја даде на Мирко,но таткому пресече кратко.
-Мирко не го заслужил лебот во оваа куќа,тој е обичен расипник,кога би му го дал половината имање тој веднаш уште другиот ден ќе го продаде,затоа Владо ти го давам тебе знам дека ја сакаш земјата,а и таа тебе те сака.
Сепак Татковиот збор и обајцата мораа да го почитуваат,но тоа важеше за Владо,за Мирко тоа важеше до гробишта,уште земјата небеше целосно фрлена врз ковчегот Мирко кој стоеше до Владо тивко му шепна.
-Милум или силум ќе ми го дадеш целокупното имање,подобро порано отколку покасно.
Од овие зборови некако морници му поминаа,навистина малку се исплаши,но сепак рачунаше дека Мирко е сепак Брат и нема да оди до крајност,но токму вечерашново го разувери,го разувери и виде дека Мирко е спремен на се за да дојде до имањето.
Брмчењето на двата камиони,и џипот беше знак дека си замина,како одминуваа миговите така брмчењето беше се послабо и послабо,кога веќе не го слушаше Владо тивко тропна на стаклото,Милка во првиот момент не беше свесна,но повторно тропање ја вратија во стварноста,го отвори брзо прозорецот и Владо брзо како видра се вовлече во собата.
-Изгаснија сијалицата-тивко и кажа.
Милка ја изгасна сијалицата,седна до домаќинот,го прегна силно и ги пушти солзите,липаше долго долго,а со неа започна да плаче и Владо,плачеше зошто знаеше дека ова му е последниот плач што го пушта во татковиот дом,ова се последните солзи кои ги пушта на татковото имање,кој пак го наседил од таткому.Кога веќе почуствува дека колку толку се исплачи и ја крена главата и ја гледаше во очите.
-Милке,Милке друшке моја,ајде прекини со плачењето,има време има,ќе плачиш ќе плачиш до мила ти воља,сега слушниме добро и кажими што мислиш,немаме многу време за мислење.
Го гледаше неговата жена и молчеше,но сјајот кој блескаше во нејзините очи му кажуваа да зборува зошто го слуша внимателно.
-Милке ова кучево што ќе не јади ќе не јади,неможам тоа да го дозволам,атер за децата,тие најмалку се виновни за неговата алчност-застана за миг со зборувањето,се издиша длабоко од душата-налет имање налет се,јас одлучив вечерва да ја фатиме планинава,а утре собајле ако даде господ полека полека да се прибериме до границата,а потоа,кај ни очи таму ни ксмет,што велиш.
-Владо и колку да сум паметна,јасно ми е дека ова е единствениот излез,ама од каде пари кога знаеш,дека сме тенки со тоа.
-Ти за тоа не се грижи,има дал гопсод,имаме пари за црни денови,оди ти собери некоје алиштенце повеќе во една торба ,гледај за децата,за нас само поедна промена алишта земи,јадење за еднаш двапати,а јас да земам што ми треба и да заминеме,зошто немаме многу време.
Отиде Милка,ги облече децата набрзина,им кажа да молчат,таткоим се ќе им каже.а владо зилезе заштитен од темнината но бргу бргу се врати.се врати со едно врзулче замотано,ја запали милка газиената ламба на најслаба светлост,колку да живурка,кога Владо го одвитка врзулчето,на постелата се распосла пиштолот Валтер,кој Владо го најде за време на војната и среќа што за тоа не му кажа на брат му,покрај,пиштолот имаше едно кожно вреќуле,ги истури Владо Жолтиците ,кога ги виде Милка широко ги рашири очите,ги стави рацете на устата да го спречи крикот на изненадување.
-Овие се од дедо татко ми ги кажа,а јас ги чував за овие мои ангелчиња,кога ќе пораснат да им ги отворам патот,ама небило пишано така,ама ако еве пак сега ќе ни се најдат,ајде спремни ли сте.
Клекна Владо пред своите дечиња,ги прегрна силно,и низ заби процеди задржуваќи ги така солзите.
-Дечиња мои најмили,вечeрва си ја земаме судбината во своите раце,и заминуваме на пат од кој нема враќање,од вас само барам да молчите,а токму вашето молчење во наредниве денови ќе биде нашиот сигирен спас.
И колку да беа мали сепак  како да ја сватија сериозноста на ситуацијата,само климнаа со главчињата и со прегратката му кажаа дека го разбраа и дека се подготвени.
Полека го напуштија градот и кога сказалките започнаа да се прегрнуваат на полноќ,веќе беа завлезени во шумата,ги знаеше патеките Владо,ги знаеше од проста причина што многупати пред тоа одел на дрва,одеше но сепак имаше во обзир дека со себе носи и други,затоа и колку да сакаше да брза,неможеше,да беше сам сега веќе ќе беше на сртот,ама вака,полека,полека,држеќија малата Викторија која и колку да беше мала,не се даваше,кога ќе почуствуваше дека го затегнува со рачињата,ќе застанеше ќе ја кренеше на грб а напред ќе го ставеше ранецот и продолжуваше,Милка,цврсто за раце го стегаше 8годишниот Алексо кој пак го носеше името на дедому Алексо,но од дедому не го наследи само името,ја наследи и добрината,правичноста,и насмевката,секогаш кога Алексо ќе земеше да се смее на брадулчето ќе му се направеше едно мало дупче,ќе ги развлечеше малите усни,ќе излезеја на виделина рамните бели заби и насмевката едоставно леташе и се ширеше околу него,се ширеше со својата заразност,така слатко се смееше да просто човек и да несака сепак ќе ја прифатеше смеата која ја испушташе Алексо.Но сега додека одеше цврсто стегаќија раката на мајкаму,само молчеше,се плашеше и покрај сета своја љубопитност да праша каде одат,одеше а главата му беше исполнета со разноразни прашања од кој на ниедно немаше одговор,неможеше да свати што направија толку страшно да мораат на ваков начин да заминат,не знаеше зошто ги откорнаа своите корења,зошто нивното огниште никогаш повеќе нема да има пепел,незнаеше но самиот на себеси си вети дека кога ќе биде доволно возрасен ќе се врати и повторно како некогаш низ татковиот оџак ќе задими дим,низ татковиот двор повторно ќе трчаат мали деца и ќе го исполнуваат секој агол со весел џагор,но додека тоа да се случи требаше да поминат години години.
Према одењето веќе наближуваше утрото а уморот ги совлада децата,викторија беше во длабок сон,навалена со своето мало главчена вратот од таткаси слатко спиеше,а Алексо одеше но сонот со секој чекор го совладуваше,неколкупати се сопна,стануваше,но и на Владо и Милка сега тоа им беше знак дека треба да застанат и малку малку да им го дадат сонот на децата,молчешкум седнаа на ледината,позади нив беше шумата,а пред нив беше удолнината која тие ја искачуваа,сега полека и нежно Владо ја префрли Викторија од својот грб на својот скут,не го почуствуваа таа ова преместување само се заврти цврсто стегаќија раката на таткаси која и беше најсигурната потпора и во сонот,Алексо ја стави само главата во скутот и ги затвори очите,спиеше а усните некако му се развлекоја во една негова слатка и волшебна насмевка,раката на мајкаму не престануваше да го гали по главата,со тоа како да сакаше да ги избрка сите кошмари,спиеше а Владо и Милка само молчеа,гризеќи го парчето леб,полека и внимателно,не сакаа да прават бука ни со јадењето,додека јадеа не забележаа како зората ја распосла својата прекрасна белина насекаде,пред  нив се појави градот,сеуште спиеше,но миризбата од топлите гевреци на вредните фурнаџии како и тазе лебот кој требаше за само еден или два часа да се најди на нечии трпези,започна и тука да се шири,ветрето го разнесуваше,го дишуваа и обајцата,го вдишуваа секој грам мирис ставајќиго некаде длабоко длабоко во својата душа,овај мирис незнаеа дали повторно ќе го помирисаат,како некој да им ги вртеше погледите,со погледот шараа по ниските куќарки,кога ја здогледа својата куќа,која сега беше минијатурна,солзите започнаа да течат по образите,се мешаше корката леб со солената солза,додека течеа солзите Владо го фати кесето кое му висеше на вратот,го фати цврсто го стегна и само промрмори,
-Црна земја и колку да е благословена толку е и проколната,те храни но како змија лутица те каснува,ја сакаш,а таа кутрата молчи и трпи.
Се заврте накај женаси,се заврти и и го покажа врзулето.
-Зедов една грутка земја од бавчата,ако умрам на туѓа земја,сакам Милке на гробот да ми ја ставиш половината грутка,а другата половина,ќе ја чуваш и на децата од таа земја ќе им направиш амајлии,нека ја имаат,за да ги влечи назад,иначе коренот ќе ни се запусти.
-Ако домаќине ако,ако ти така викаш така ќе сторам.
Повторно замолчија и повторно со погледот ја милуваа сега опустената куќа,ја гледаа и сликата од таа куќа длабоко во себе ја всадуваа,за да им остане длабоко во сеќавање.
-Владо-сега тивко го прашуваше женаму.
-Кажи Милке.
-Зошто досега не ми кажа за жолтиците.
Не брзаше Владо со одговорот,неколку моменти само молчеше.
-Немој да помислиш Милке дека немав доверба во тебе,но сепак аманет ми остави татко на никој да не кажувам,ако кажев тоа и немаше веќе да биде тајна,а кога тогаш оној ѕверот ќе разбереше за нив и дури тогаш можевме да се простиме од животите,тие татко рече се за црни денови,како да знаеше дека ќе дојдат.ете затоа не ти кажав.
Времето одминуваше,а токму сега во овој момент времето беше нивниот непријател,ги разбудија децата полека.
-Ајде ајде ангелчиња мои,ајде само уште денес ако не послужи среќа вечер треба да бидеме на сигурно.
Ги отворија очите,но сега не се радуваа како секое утро и не врискаа,туку и тие седнаа покрај таткаси и мајкаси,го зедоа лебот во едната рака а сирењто во другата рака и започнаа да јадат од скромиот доручек.откако завршија со јадењето сите молчешкум станаа и продолжија да одат во нивното сега непознато,не го мереа времето ама сигурно одеа едно два саати,кучешкиот лавеш им го најави присуството на луѓе во нивната близина.Знаеше Владо дека во близината има трло,ги водеше токму таму,само што излегоа од шумата пред нив се створи голем шарпланинец,со своето ржење им кажа да застанат,а во позадина се слушна гласот на стопанот.
-Мирен мирен ѓавол,мирен биди,тоа се пријатели.
Сега пред нив се створи мало,но цврсто човече,кое суровоста на неговиот живот оставило длабоко лузни,почнуваќи од неговото лице,кое беше целото избраздено,па до рацете ,кои и колку да беа ковчести се гледаше дека уште сила во нив тече,кучето кога ја виде Викторија,започна весело да врти со опшката,посакуваќи и така добредојде,се припи до неа и весело цивкаше,желен беше за играње,а тоа токму сега можеше да го има,го погледна овџарот и со тоа побара дозвола дали може да игра.
-Газда владо кое добро ти овде кај нас-
-Да е добро Мевљудин,ајде де,ама.....ја прекина мислата бидеќи позади се појави уште еден овчар.
-ајде ајде дојдете да се одморите па потоа ќе ми кажеш,од ред до ред.
Влегоа во трлото,а викторија и алексо останаа на ледината пред трлото да си играат со ѓавол,повторно се разле смеат ,се тркалаа паѓаа,стануваа,но никако да се изморат.Владо и Милка седнаа под стреата на колибата,и надвенатри му објасни што мака ги донело тука.
Откако Мевљудин ги ислуша,замолчи,вовлекуваше долги димови од лулето и го гледаше де Владо де Милка,па ќе ги погледнеше децата,кога ќе ја слушнеше смеата нивна,ќе пликнеше од бес на земја,па повторно ќе внесеше некој грам горчина.
-Владо ќе ти помогнам,зошто и ти си ми помогнал,но само под еден услов.
-Кажи Мевлудине,кажи и немој да се страмиш,се знаеме долго,така да нема што да криеме.
-Брати знам што нечовек е,тој сега кога ќе види дека ве нема дома,јасно ќе му стане дека сте ја фатиле планината и дека сакате да заминете преку граница,биди сигурен а и можеби потерата е веќе тргната,ќе те молам,ако ве фатат како господ ќе те молам,моето име да не го споменуваш,знаеш добро дека и јас ранам фамилија,нема потреба да те преколнувам.
-Мевљудине биди сигурен,дека тоа нема да се случи,помогними да ја преминам границата па кога тогаш ќе се раздолжиме.
-добро,го почитувам твојот збор.
Станаа двајцата прво се ракуваа потоа цврсто се прегрнаа,се прегрнаа како стари пријатели.
-Зекире дојди-викна Мевљудин.-зекире ќе ги земиш луѓево и со ѓавол гледај да ги однесеш преку ама сигурно.
Момчето без никаков поговор,отиде ја зеде торбата,свирна даваќиму знак така на ѓавол да дојди.на заминување Владо и Мевљудин повторно се прегрнаа и се ракуваа кога ја пушти раката таму имаше два златника,сакаше да кажи нешто Мевљудин но Владо го прекина
-Нека ти се најдат,само за арно да ги арчиш.
Сега беа во рацете на момчето,Зекир одеше токму како што диктираше времето,кога требаше да се оди брзо одеа,кога требаше да се одморат застануваше и додека другите одмараа тој стоеше и слушаше,наслушниваше,и кога ќе беше сигурен дека е сигурно продолжуваа,кога ги забави чекорите и започна полека полека да се движо зекир стана јасно дека се на границата,ги оставија децата и милка во шумата и полека се одалечија од нив едно дваесетина метри,Владо го извади пиштолот од појас,зекир го погледна но ништо не прокоментира,кога сакаа да се завртат за да ги викнат децата и млка пред нив како од земја да никна Војник,без да викни само ја стави цевката на градите на владо,ја стави и започна да се треси,се гледаа право во очи,во тој момент војникот не се тресеше од страв туку од бес,се тресеше и ја проколнуваше судбината,пред него стоеше неговиот кум,стоеше Владо и го гледаше право во очите,но во раката цврсто го стегна пиштолот.
-Кумче пред бога се заколнав дека ќе ти бидам во добро и во зло втор татко,но сега не ми даваш голем избор,спуштија пушката,оставине да одиме таму каде што сме тргнале,така да никој нема да понесе грев,во спротивно еден од нас ќе замине на тој свет со голем грев.-го кажа ова Владо премногу ладно и самуверено,креваќиго пиштолот во висина на градите на својот крштеник.
Додека се гледаа двајцата во очите,и во двајцата започна вистинска борба на чувства,се бореа со традициите и обичаите,но сега ова беше прашање на живот,во еден момент момчето ја спушти пушката клекна на колена и започна да му ги бакнува рацете.
Простими куме,простими,што ти згрешив,и што во еден момент помислив да те преадам.
Го крена владо со рацете момчето,сега стоеше спроти него.
-Простено ти е синко и од мене и од бога,оди сега нека господ ги благослови сите твои патеки,нека сите ти бидат послани со добрина,и барај друга работа,не си синко ти за ова,имаш душа,а тој што има душа неможе да носи оружје,оди и пратиму на таткоти едно здравоживо од мене,кажиму дека никогаш повеќе нема да ме видите-го прегрна силно а потоа до нив дојдоа и Милка која исто така го прегрна,се заврти војникот и на својот колега кој изгледа започна да се доближува силно му викна.
-Овде нема никој,шушкаше некоја лисица.
Полека се одалечуваа зборуваќи гласно,како да сакаѓе со тоа да му кажи колку се далеку,сега Владо пуштолот му го даде на Зекир.
-Земиго момче,можеби тебе ќе ти потреба,мене повеќе нема да ми треба,и не се грижи за војникот ќе молчи и оваа тајна ќе ја носи до гробот,зошто знае ако на некого каже,тоа ќе го однесе во гроб,уште еднаш ти благодарам и тебе нека гопод ти дари само добрина.-бркна во ранецот и од таму извади една жолтица-земија ќе ти се најди.
Зекир ја зеде жолтицата,ја стави во пазувите некаде каде што беше сигурен дека нема да ја изгуби го прегна влади и им кажа каде да одат.Тргнаа Владо Милка Алексо и Викторија во туѓата земја каде секогаш ќе бидат туѓи,тргнаа кога веќе преминаа од другата страна,сакаа да го отпоздрават Зекир но тој се изгуби во густата шума,сега кога веќе беа такаречено на сигурно започнаа да се движат поспоро,не му беа познати овие патеки на владо,па затоа одеа споро,но Зекир им кажа дека само на сат одење од границата има село,каде ќе ги пречекаат пријатели негови,нека му се јават слободно.тој знаел да ги однесе до пристаниште без да ги фатат војската или жандармеријата,им кажа исто така дека ако ги фатат жандармериите,постоело можност да ги вратат.Како им кажа така направија,веќе наредниот ден беа качени на прекуокеански брод,кога веќе само водата беше секаде околу нив,седеа сите четворица на палубата и молчеа.
-Тато дали сега можам слободно да зборувам-праша Викторија.
-Можеж злато сега да зборуваш колку ти душа сака,сега можеш и да викаш ,можеш и да пееш,можеш да правиш што сакаш.
Деновите се редеа еден по еден,а хоризонтот никако да се смени.

ГРУТКА ЗЕМЈА
НИКОДИН ЧЕРНОДРИМСКИ

0

5

Даниел Краљевски
Род 1988 год
Куманово
Република Македонија
Поет Аматер,идна надеж на Македонија и Македонската Поезиа и проза,поет кој навистина вреди да се промовира не само како личност туку и неговата поезиа која во себе носи премногу искреност,поет кој не се плаши да ја отвори својата душа,поет кој своите најскриени чувства ги вади од тајните дамари и ги претвара во стихови кој со својата убавина пленат.

Измислица на проклетиот писател

Како би ја измислил ако таа не постоеше?? Не, не..нема да можев бидејќи тогаш ни јас немаше да постојам, можеби ќе бев само збор напишан од некој писател кој ќе сакаше да напише тажна љубов која во неа воопшто немаше да постои.. Тој ќе и` ја опишуваше насмевката секој ден, ќе и` ги оживуваше ѕвездите во очињата, лижавчето во раката со тринаесетте алки, носето различно од другите а сепак убавко.. Каде ли мене ќе ме ставеше?? Е, да..сигурно во тагата на тротоарот кој ќе ме гледаше во тажното лице додека стоев до неа кога таа ќе ја отвореше вратата на таксито и ќе си заминеше..

Можеби ќе бев мисла на писателот, која ќе му шепнуваше, секој ден, колку ја сакам девојката во чија насмевка ги претопуваше сите зборчиња. Ќе живеев во просторот меѓу речениците, ќе спиев во мисли кои секој ден ќе ме доближуваа до неа, кои ќе ми дозволија да ја бакнам. Писатолот немаше да ми биде пријател тој ќе ми создадеше тага, тој ќе ме оделеше од девојчето, за да неговиот расказ ги трогне читателите. Ќе ми всадеше тага во очите, ќе ми црташе солзи на лицето додека неа ќе ја китеше со светкави насмевки и трепкави ѕвездички.. Кога ќе не` зближеше, ме радуваше до бескрај. Но на неа немаше да и` даде љубов. Таа немаше да знае што е тоа, залудно ќе ме мачеше да и` објаснувам, таа никогаш немаше да сфати. Мене ќе ме убиеше проклетиот писател! Ќе ме облееше со крв! А неа ќе и` дозволеше да биде секогаш радосна затоа што никогаш немаше да и` вгради љубов. Ќе дозволеше таа да може да живее без мене, но не и јас без неа. Сигурно ќе го проколнав, ако тој не ми го управуваше умот!

Немаше потреба да ја измислувам, таа постоеше и беше блиску до мене. Јас не бев зборче во мислата на писателот. Но сепак исото се случува. Истата тага ја имам во очите, а таа со истата насмевка го осветлува мракот. Епа кој е виновен сега ако писателот не е?? Можеби јас самоиот.. можеби самоит сум се претворил во зборче од мои мисли, па и неа сум ја претворил. Можеби.. јас сум виновен! Можеби сега би требало да се проколнам самоит себеси. Проклет да сум!

Летната мисла во најдлабоката тишина

Влегов во длабока темница која чуваше во себе идеална тишина од нула децибели. Ми го извади духот од телото додека тоа стоеше без да се мрдне гледајќи го небото пред кое се преплетуваа гранки во скочанета форма. Немаше ни ветер, ни темна птица. Духот ми пловеше во темната тишина и се наситуваше голтајќи ја. Од џебот излегуваа тивки звуци на меланхолична песна кои плетеа мисли во мене додека ја удирав главата полека од бетонот на кој бев потпрен. Гледав сенка на ѕидот на мојата куќа, сенка од терасата на соседната куќа, кога главата нагло ми ја сврте звук од врабец кој сигурно бладаше во сонот.

Се свртев накај улицата и гледав трепкави сијалички некаде во далечина.    Во моето маало немаше сијалички, можеби затоа што тука еуфорија како чуство не се раѓаше во луѓето, луѓето овде беа несфатливи од другите. Тука бев во ходникот на мојата улица, тука имаше само тишина и темни гранки, сигурно затоа што беше четири часот наутро, или можеби сето се случуваше по нечија војла.

Додека ѕвездата трепереше во најнемирниот детски сон, јас со духот надвор од телото ја гледав оддалеку и со мисла ја пленев миризбата на нејзината коса. Некоја карпа на месечината, залудно бараше дел од моето  постоење што би требало да емитира топлина, тоа го немав ни во себе, одамна го претворив во зрак кој ја осветли ѕвездата без чие постоење јас нема да бев ова што сум сега. Ми рече да не и` го давам мојот зрак, а јас веќе го пратив. Не плачев по изгубената светлина која таа не ја сметаше за зрак. Се радував што ја грее иако таа не беше свесна за тоа.

Излегов од темната тишина отварајќи ја вратата на ходникот на мојата куќа. Зачекорив кон светлото што продираше од вратите на мојата соба, а знаев дека тоа беше вештачка светлина, онаа која ми се прилепи на лицето. Која си замислив дека е од ѕвездата што ја сонувам, за да заспијам полесно, како неа, во детски разигран сон со немирни приказни и шарени насмевки. Само за тоа!

0


Вы здесь » Makedonium » Тестовый форум » Proza